Денес е ден на среќата

Меѓународниот ден на среќата е востановен во 2012 година од страна на Генералното собрание при Обединетите Нации, и оттогаш се чествува секоја година, на денешен ден – 20 март.

Целта на Меѓународниот ден на среќата е преку семинари, разни едукативни работилници и собири ширум светот, да се подигне јавната свест за предностите на среќата.

Идејата изворно произлезе од Хималаите, односно од Кралството Бутан, кое е своевидна лулка на многу од глобални духовни движења. Во 1970-те години потекнува идејата и за нова „мерка за национална благосостојба“, која не се мери според материјалните богатства, туку според чувството на среќа кај луѓето, познато како „бруто национална среќа”.

Овој ден ни служи како потсетник дека среќата никогаш не произлегува само од материјалните добра, моќта или славата, туку пред се од семејството, пријателствата и емоционалната исполнетост.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.