Христијанските светители Маченици Тимотеј и Мавра биле маж и жена , кои после венчавката за време на владеењето на владиката Диоклеција се изведени пред суд поради Христијанската вера. Тимотеј беше отец во тиваидската црква.
Кога го прашале на суд кој е, тој му одговорил:
– Јас сум Христијанин и отец во црквата Божја, па Гевернерот продолжил со прашањата.
-Зарем не ги гледаш оружјата за мачење околку тебе?
-И ти не ги гледаш ангелите Божји кои ме крепат- одговорилл Тимотеј
Па така Беседата на овој ден вели:
„Природата го создала и родила човекот. Затоа, човек во однос на природата е пониската природа, слуга во пазувите на природата, на работ на синџирот на природатата. Ќе се посрамотат оние кои велат дека така кога ќе паднат во неволја, и ќе извикуваат кон Бог: Стани и избави не!„
„Нека се покајат грешниците вистински, нека ја насочат својата љубов спрема Бог и тој ќе им помогне. Нека го завртат грбот на мртвите дрвени фигури и камења и нека се свртат кон ликот на Бог зошто само тој може да им помогне. Семоќниот не е злопамтило и не се одмаздува. Не ги создал луѓето за смрт туку за живот„ Затоа обратете се на Бог .