Денес МАРШ за поддршка на Иванов и Уставот на РМ -19ч Липа

18361572_10210819737543922_998984349_n

Македонија е на нозе! Народот се крена против политичкото угнетување на СДСМ и нивните коалициони партнери, кои преку поставувањето на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, подготвуваат терен за реализација на така наречената албанска платформа.

Реализацијата на ова сценарио ќе значи отпочнување на редефинирањето на државата, преку промена на националните симболи и воведувањето на албанскиот јазик како втор службен јазик на целата територија на Република Македонија.

Излезот од оваа криза се нови избори и ново изјаснување на граѓаните околу постизборните сценарија кои и се подготвуваат на државата, а кои се одобрени и потпомогнати од странскиот фактор.

Затоа вечерва во Прилеп одново марш за одбрана на татковината и одбрана на уставниот поредок. 19 часот пред хотел “Липа”, за политичкото лудило и распродавањето на Македонија да престане.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.