Денеска се празнуваат трите сестри, маченички

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 септември.

Денеска е Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора.

Минодора, Митродора и Нимфодора биле сестри, родум од некое место во областа Витинија во Мала Азија. Биле воспитани во христијански дух. Кога пораснале, сите се повлекле од светот во пустина, живеејќи живот видлив за Бога, а невидлив за луѓето. Толку се очистиле и се смириле себеси, што Бог ги украсил со дар на чудотворство. За тоа набргу се дознало, па почнале да им доаѓаат луѓе со најразлични маки. Но, за нив дознал и некој кнез Фронтон и ги извел на суд. Гледајќи ја нивната голема убавина, тој прво се нудел да им обезбеди светска слава, но кога видел дека тие на сето тоа остануваа цврсти во својата љубов кон Христа, ги предал на маки. По измачувањата прво била погубена Минодора, а потоа и нејзините две сестри. Ова сведоштво се случи меѓу 305 и 311 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.