Денеска портокалов, утре цел регион во црвен метео аларм – не чека најстудениот ден

Во регионот веќе е прогласена вонредна состојба и портокалов метеоаларм за времето кое ги зафати Србија, Босна, Хрватска, како и Македонија.

Кај нас се најавува променливо облачно со температури значително под просекот за овој период од годината. Особено студено ќе биде во утринските часови кога на некои места ќе се спуштат и до -10 степени. Во западните и крајните северни делови со повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус пет степени, а дневната температура од минус шест до еден степен.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Во четврток во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.

Во четврток кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.

Потоа, се очекува температурите да пораснат.

Во Србија за денеска е најавен портокалов метео аларам, а за утре црвен. Во Босна веќе се затвотрени патишта, училишта, во некои села се срушени кровови на куќи.

Во Хрватска има 2 метри снег и војската е вклучена во чистењето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.