Во седиштето на УЕФА во Нион денес ќе бидат извлечени двојките за осминафиналната фаза од Лигата на шампионите.
Победниците од групите се носители и нема да можат да се сретнат меѓу себе во осминафиналните елиминации.
Носители пред жрепката се: Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Барселона, Рома, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити и Бешикташ.
Во групата неносители се наоѓаат: Јувентус, Баерн Минхен, Базел, Шахтјор, Челзи, Реал, Порто и Севиља.
Почетокот на извлекувањето е закажан за 13 часот. По него ќе биде извршена жрепката за 1/16 финалето во Лига Европа.