Денеска е Света Петка Трнова – иако не е обележана со црвено, постои едно верување кое треба да се почитува

ii

Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева – Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Првата е Света Петка – Римјанка, втората Света Петка од Иконија и третата Света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата на која празникот, познат под името Петковден и се празнува на 27/14 октомври, и поради тоа и другите две се идентификуваат со неа. Ефтим Спространов во записите на обичаи и верувања од Охрид сведочи дека се правело разлика меѓу Петковден, празникот во октомври и Света Петка од 26 јули (стар стил). Тој уште сведочи дека на овој ден од градот и од селата оделе на манастирот посветен на Света Петка во близината на Охрид.

Овие личности името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот бил ден за подготовка поради тоа што кај Евреите во претхирстијанскиот период саботата била празник. Оттука Параскева значи подготовка.

Денешниот ден се почитува кај народот иако не е обележан со црвени букви. Овој ден го завршува „циклусот женски празници“ во кои спаѓаат Огнена и Блажена Марија.

На овој ден се избегнуваат сите потешки работи низ дома и на поле.

Нашите баби верувале дека на денешниот ден никако не е убаво да се меси леб, да се пере, да се фрла пепел или да се прави било што од рачни работи, за на жените во текот на годината не им трнат рацете.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.