Прилепчани за вечерва најавуваат нов протест против донесувањето на Законот за употребата на јазиците.
Се очекува вечерва голем број прилепчани да излезат во центарот на градот и да го кренат гласот против воведувањето двојазичност во нивниот град.
Како и вчера и вечерашниот протест е закажан со почеток од 18 часот пред камената бина на плоштадот “Александрија”, а протести ќе се одржуваат и наредните денови.
Информацијата за вечерашниот протест ја споделија и од Здружението на прилепски бранители.