Седумгодишната Ели Невил од Пембрук-Док, Велс, веднаш откако во 2005 лекарите од болницата Витибуш Џенерал го излекувале нејзиниот татко, си презела обврска да им се оддолжи.
Лин Невил (54), се лекувал од редок вид рак на крвта, и на крајот бил излекуван. Девојчето потоа имала првична цел да собере околу 500 фунти за болницата, па за таа цел таа го ставила на аукција знамето, коешто самата претходно го изработила и победила на натпревар во нејзиното училиште.
Сепак, конечната цена на знамето на наддавањето достигнала 100.000 фунти.
– Ова е вџашувачко, ги надмина сите наши желби и мечти. Ние сме неверојатно горди на тоа што го направи Ели. Собраните средства ќе помогнат болницата да ја замени старата опрема со посовремена, заради поуспешно лекување на болните, изјави Невил, којшто е и организатор во Центарот за поддршка на болните од рак во областа Пембрукшир.
За својата благородна мисија, Ели била наградена од градот Пембрук, а го добила и Британскиот граѓански медал, национална награда која се добива за посебен придонес и заслуги во општеството.