Девојка од внатрешноста, преживеала пекол во студентски дом „Гоце Делчев“. Во полиција вчера е пријавено дека лицето М.Ѓ. физички ја малтретирал дваесетиедногодишната девојка, ја заклучил во соба, ја влечел за рака, ја горел со цигара и и упатил повеќе навредливи зборови, oбјави порталот Република
Притоа, девојката се здобила со изгореница на десната рака.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.