Вчера во 18 часот и 15 минути на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода во која 40годишната Т.С. од Прилеп, управувајќи теренско моторно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во мопед „Знен“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 21-годишната И. Б. од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот, 40-годишната Б.Б. од Прилеп, додека со телесни повреди се здобила И.Б. На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.