Познато е дека Дубаи е богат град во кој “професионалните” просјаци може да заработат вистинско богатство. Некои од нив заработуваат и над 60.000 евра месечно.
Последниве три години бездомниците ги искористуваат добрината и богатството на луѓето од Дубаи. Иако полицијата се обидува да се бори против организираните групи просјаци, нивниот број и понатаму се зголемува.
Станува збор за бандите од Азија и Саудиска Арабија кои испраќаат просјаци во Дубаи, најчесто со визи кои траат три месеци, а потоа им ги одземаат парите кои ќе ги заработат.