Кога нацистичката војска во 1940 год. подготвувала напад на Франција, војниците имале еден сериозен проблем, а тоа бил уморот.
Војниците едноставно не можеле да се борат против сојузниците и истовремено да се искачуваат по планини.
Воените чиновници започнале на војниците да им делат “решение”. Се работело за “первитин” односно нацистичка верзија на кристалниот метх во облик на пилули кои се делеле еднаш дневно, два пари за време на ноќта и “повеќе пати по потреба”.
Стратегијата на нацистите ја опишал Норман Охлер во својата книга “Блитзер”, каде вели дека ова било клучот за ширење на нацистичкиот режим.
Според неговите зборови под дрога за време на Втората светска војна не биле само војниците.
И самиот Адолф Хитлер секојдневно добивал инјекции со оксикодон, наркотик близок со морфиумот и кокаин додека беснеела војната.
Кога сојузничките војски во бомбардирањата ги уништиле фармацевските фабрики на Хитлер, настанала голема зависничка криза.
“Тоа им овозможувало да останат будни три дена и три ноќи. Ромел, кој тогаш водел една тенковска едница, како и сите други наредници били на дроги. А, без тенковите сигуро не би победиле”.
“Сите тие последни денови во бункерот здравјето на Хитлер било нарушено. Се претпоставува дека се работело за Паркинсонова болест, но според мене се работело за тегоби од прекуметно користење на дроги. Да, сигурно тоа било многу лошо, истовремено ја губел војната и поминувал низ криза од дрогата”, додава авторот.
А/Г/