Илјадници Грци кои живеат во САД вчера протестираа пред седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, против употребата на името Македонија од страна на Македонија.
“Македонија е грчка” е стандардната парола на Грците на овие масовни протести.
За разлика од нас, каде протестите на македонската дијаспора во Австралија, Канада, САД, Европа, трпат критики и навреди, протестите на Грците во дијаспората се еуфорично прикажани во грчките медиуми и се поздравени од целата нација.