Дали Филип Секулоски е новиот директор на старски дом “Киро Крстески – Платник” во Прилеп?!

Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник” во Прилеп добива нов директор?

Според нашите сознанија нов директор на оваа институција ќе биде Филип Секулоски од Прилеп.

Оваа институција располага со над 151 легло и речиси секогаш е целосно искористена.

Штитениците во неа до сега добиваа максимално добар третман, а задоволството од добрата социјална и здравствена заштита ја искажуваа во секоја прилика.

Домот добиваше максимална помош и од претходната локална самоуправа и доскорешниот градоначалник Марјан Ристески, кој во секоја пригода ги посетуваше старите лица, а за празниците и денот на жената “Осми март” редовно им даруваше поклони.

Предвидено беше и реновирање на домот со средства во висина од 10.000.000 денари, а во 2015 година општина Прилеп и досегашната директорка на домот Ирена Стерјоска Локвенец потпишаа договор за реализација на проектот “Супер Марио” преку кој три пати неделно волонтери ги посетуваа дома старите и изнемоштени лица им помагаа во секојдневните обврски и потреби, како и во негата.

Овој проект беше од огромно значење за старите и изнемоштени лица во Прилеп кои живеат сами во своите домови и беше прифатен со огромно задоволство.

Проектот до сега беше продолжуван три пати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.