Дали МВР ќе ги открие сторителите на овој срам во Прилеп?! (ФОТО)

Уништен паркот кој минатата недела беше пуштен во употреба во населбата “Кузман” во Прилеп.

Зелената површина на новото место за одмор и рекреација кое го изградија општина Прилеп и ЈКП Комуналец во оваа населба, синоќа била целосно демолирана.

Несовесни граѓани, според видливите траги, со автомобил го изгазиле штотуку пораснатиот тревник, притоа немајќи ни малку чувство дека на овој парк се израдуваа сите граѓани на населбата и голем број деца, кои беа присутни на отварањето на паркот.

Вакви маалски паркови општината изгради речиси во сите населби во градот, со што значително се подобри естетскиот изглед на градот, а граѓаните добија пријатни места за опуштање и безбедни за најмалите.

Дали МВР ќе преземе нешто да ги пронајде сторителите, или ваквите срамни слики и понатаму ќе ни се повторуваат насекаде?

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.