Општинскиот огранок на СДСМ Прилеп веќе го доби својот кандидат за престојните локални избори на 15-ти октомври. Во трка со успешниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески кој повторно ќе ја побара довербата пред прилепчани, ќе трча 62-годишниот актуелен директор на прилепската болница и актуелен советник во Советот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
Јованоски ќе треба да најде решение како да се спротистави на огромниот број реализирани проекти на Ристески во Прилеп и неговиот голем рејтинг во градот под Марковите Кули.
Реакциите вчера на социјалните мрежи меѓу граѓаните беа дека победникот на овие избори е познат и дека Марјан Ристески ќе добие четврт мандат од граѓаните за нови проекти во мисијата за созадавање на европски град.
Со каква програма за Прилеп ќе излезат партиите ќе видеме за скоро за време на предизборната кампања, но она што сакаат да знаат прилепчани е каков е односот на кандидатот за градоначалник на СДСМ околу прашањето со Стратегијата за интерграција на бегалци и странци на територијата на општина Прилеп.
Имено, се погласни се пишувањата во медиумите дека на Прилеп со оваа стратегија му се подготвува доселување на мигранти и изградба на стамбени згради за домување на истите.
Неодамна на седница на Советот на општина Прилеп, советниците расправаа за неприфаќање на горе споменатата стратегија и Акциониот План кој произлегува од таа стратегија, тогаш советниците на СДСМ и Илија Јованоски реагираа и ја напуштија седницата.
Јованоски и неговите сопартијци ќе треба да им објаснат на прилепчани дали ја поддржуваат идејата за населување на мигранти во Прилеп и кој е нивниот став околу оваа стратегија и содржината која ја носи со себе, а тоа е домување, вработување, издавање на државјанства на овие лица и слично.
На видеото кое следи се гледа дека кандидатот за градоначалник на СДСМ во Прилеп е против одбивањето на оваа стратегија и се гледа како ја напушта седницата.
А/Г/