Доверливи информации за австралиските одбрамбени програми се украдени откако се случил голем сајбер напад.
Во хакерскиот напад на една компанија која дава услуги на австралиската, украдени се повеќе од 30 ГБ податоци, вклучувајќи ги и оние за новите борбени авиони и за морнарицата, известува Би-Би-Си.
Информациите се навистина доверливи, но од владата не се сигурни дали има вмешаност на некоја држава.
Нападите започнале во јули минатата година, но австралиската Дирекција за радиоинженерска одбрана, за тоа била известена дури во ноември. Идентитетот на хакерите не е познат.