Италијанскиот премиер Паоло Џентилони денес го објави безбедносниот извештај во кој се укажува на опасноста од исламски екстремизам, но тој предупредува дека ќе се води кампања за влијание на интернет и целта ќе биде да се промени политичкото мислење, особено за време на изборите, пренесува АП.
Во безбедносниот извештај не се споменува Русија, но американските и италијанските аналитичари со месеци тврдат дека европските избори се главна мета на Русија, при што, како што велат, изборите во Италија се особено погодни бидејќи рејтингот на опозицијата вртоглаво расте.
Иако сеуште не постојат никакви докази дека Русија се мешала во американските избори меѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон, обвинувањата дека Москва ќе влијае на изборите во Италија се поврзува со порастот на рејтингот на Берлускони и неговата партија Форца Италија, како и на останатите опозициони партии кои имаат договор за меѓусебна соработка.
Порастот на поддршката го предизвика се поголемото насилство на мигрантите и контроверзните испади на припадниците на власта.