Шели и Џим Голај имале среќен брак. Џим бил љубовта на нејзиниот живот, меѓутоа, судбината сакала Џим прв да го напушти овој свет. Боледувал од тумор на мозокот и починал во болница. Шели била неутешна, се додека еден ден пред нивната семејна куќа не се појавил подарок.
Кога ја отворила вратата, Шели не можела да им поверува на сопствените очи. Пред куќата стоел човек со букет во рацете и со порака напишана од нејзиниот покеон сопруг.
Таа помислила дека букетот го испратиле децата, но подоцна ја дознала вистината. Џим, пред да почине, се договорил со цвеќарата, секој ден на нивната адреса да пристигнува букет посветен за неговата сопруга.
“Џим беше фантастичен и тој не познаваше граници. Дури и по смртта, неговата љубов е бесконечна. До крајот на мојот живот ќе добивам букети. Тој беше посебен”, изјавила Шели.
Ф.Г.