Секогаш бил во сенка на фудбалот и машкиот ракомет, но во моментов, ако бараме позитивна атмосфера меѓу поголемите прилепски клубови, за издвојување е само ЖРК Деспина. Ч удно е, но така е.
Вниманието на јавноста е многу понасочено кон настаните од Првата фудбалска и Супер ракометната лига, а сепак многу убави работи забележуваат во женскиот клуб.
Прво позитино е самото постоење. Во цела држава има само осум екипи од седум клуба (Вардар има две) и оттука е многу важно што градов претставува осмина од македонскиот женски ракомет. Второ се, условите од кои сите се задоволни, а кога е така работата е уживање.
Планираното е исполнето. За разлика од другите, каде наместо само за спорт, се зборува за разврска од избори и за народни пари од буџетот, во Деспина е исто пред и по нив. Клубот обезбедува сé.
Ветено – сторено има и на паркетот. Приоритет е обука на млад кадар. Има и кадетки, пионерки…
Потпирањето е само врз неколку искусни, а останатите вредно работат и напредуваат. Не ги обесхрабрија поразите од, објективно, подобрите.
Прво товарот беше врз голманот, бекот и пивотот, потоа се разигруваа и другите бекови, а за да нема слаби места проработија и крилата.
Екипата е сé поуспешна при контра и враќање бргу назад за спречување контра. Во поглед на резултатите, целта беше 6 место и токму тоа е освоено.
При последниот есенски триумф дома (28-23) со Гевгелија, тренерот Страшо Илиески изведе состав: Димитриеска, Богеска, Ристевска, Гулеска, Јовеска, Ристеска, А. Камческа 4, Крстевска 3, Димитрова 3, Димова 6, Јовеска 3, М. Камческа 5, Спиркоска, Седлоска 1, Рипилоска.
Табела: Вардар 42, Металург и Куманово 27, Пелистер 25, Вардар ј. 23, Деспина 9, Гевгелија 5, О. Поле 4.
Извор: Неделник Зенит