Итно е потребна парична помош за 16-годишниот Борче Јовановски од Маџари.
Тој боледува од ретка болест на крвта, за што е потребна огромна сума за неопходната операција во странство. Сумата која му е потребна се 127.700 евра. Семејството не е во состојба да ги овозможи потребните средства па апелира за помош.
Постои гаранција дека овој млад живот може да се спаси.
Семејството и пријателите на Борче ги замолуваат сите хумани граѓани кои се во можност да донираат по 100 денари на следниве телефонски броеви:
ВИП 143 473
Т-мобиле 070 143 103
Жиро сметка: 300001000024834
-Ова е мојот помал брат Борче. Тој има 16 години и боледува од Бета Таласемија (ретка генетска болест). Неговата состојба се влошува и итно мора да оди на операција (трансплантација на коскена срцевина) во странство. Јас ќе бидам неговиот донатор (со идентична совпадливост) но, на мене и на мојата фамилија ни е потребна огромна сума на пари за да се излечи и затоа без Вашата хуманост ние не можеме да го оствариме лекувањето. Со еден повик на следниве два броја Вие ќе донирате 100 ден. од еден повик а за нас ќе значи многу, напиша Кристијан Јовановски, брат на Борче.