Човекот забрзано ја менува планетата и прашање на време е кога технологијата ќе и се закане на цивилизацијата.
Пред една година, во говорот на Универзитетот во Оксфорд, легендарниот научник Стивен Хокинг нагласи дека човештвото може да прежвиее уште 1000 години.
Порталот “Брајт сајд” ги состави највозбудливите предвидувања за новиот милениум.
9. Луѓето ќе живеат 1000 години.
Милијардерите веќе вложуваат големи пари во истражувањата за успорување на стареењето. Се предвидува дека медицинските инженери би можеле да дизајнираат лекови за секоја компонента која предизвикува стареење на ткивото.
8. Луѓето ќе се преселат на друга планета.
За 1000 години од сега, единствениот начин за да преживее човештвото може да биде воспоставување на нови колонии во вселената.
7. Луѓето нема да изгледаат исто.
Во својот спектакуларн експеримент, Др. Кван претпоставил дека во далечната иднина луѓето ќе развијат поголемо чело, поголем нос, поголеми очи и ќе имаат кожа со повеќе пигменти.
6. Ќе имаме супербрзи интелегентни компјутери.
Компјутерите ќе може да решаваат комплексни проблеми за кои на обичните компјутери денес им се потребни децении.
5. Луѓето ќе се претворат во киборзи.
4. Не очекува масовно изумирање.
Последното масовно изумирање од Земјата ги избриша диносаурусите. Се надеваме дека научниците не предвиделе и целосно уништување на човештвото.
3. Сите ќе зборуваме на ист јазик.
2. Луѓето ќе создадат виртуелен свет околу себе користејќи концепт на услужна магла.
Тоа е полиморфен материјал кој се состои од трилиони меѓусебно поврзани микроскопски “роботи” кои во основата може да создадат било каков облик.
1.Нанотехнологијата ќе ја реши кризата со недостатокот на енергија.
Ф.Г.