ДАЛИ ГИ ИМАТЕ ?! Овие апликации ја “крадат” лозинката од вашиот Фејсбук профил

Експертите за “IT” сигурност откриваат нов вид злонамерен софтвер во најмалку 56 апликации кои можете да ги пронајдете на “Гугл Плеј”.

“GhostTeam” е осмислен за крадење на кориснички имиња и лозинки, а воедно агресивно ќе ве гуши со реклами од различни производи. Се прикрива како апликација за батериска светилка, компас, скенер, чистење на “паметните телефони”, забава во различни облици…

Самите апликации не содржат злонамерен код, па затоа им е одобрено да се најдат на “Гугл Плеј”. Внимавајте, кога ќе ги инсталирате некои апликации “ве прашуваат” дали ќе дозволите пристап до администраторските овластувања.

Украдените податоци можат да послужат за испорака на штетен софтвер или за преземање на корисничката сметка, како и за крадење на лични податоци и дигитален идентитет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.