Грчева: Сите оние што ќе се дрзнат да направат неморални компромиси ќе бидат означени како предавници

Не влегуваме во сензитивен период, туку Македонија е доведена до ѕид рече, Солза Грчева во нејзиното гостување во „Само Вистина“.

Таа додава дека Македонија оди по еден срамен пат и дека ова е прекршување на нашата понова историја.

-Денес ова што се случува е еден срам и еден момент кога македонскиот народ се чувствува изневерен и понижен. Работите се тотално изместени. Ние сме пред една голема историска одлука која не смееме да ја донесеме. После срамното гласање за законот за јазици почна да се удира во дигнитетот на македонскиот народ, рече Грчева.

Во однос на Шарената револуција таа вели дека тоа е една шарена лага која промовирала еден граѓански концепт со кој требало сите да се обединат.

Таа вели дека не може да живее во држава која се идеализира се и како пример ги посочи албанските партии. Грчева исто така кажа дека ниту една албанска партија нема излезено на говорница за некој закон ако не се засегнати Албанците.

Во однос на преговорите со името Грчева вели дека тоа е напад на интересите на македонскиот народ.

-Гласноговрниците зборуваат да се договорат влада со влада. Видовте како процесот го изместија од ОН со директни разговори. Ваков тип на компромис ќе биде предавство. Сите тие што ќе се дрзнат да направат вакви неморални компромиси ќе бидат означени како предавници. Ние немаме црвени линии. Нашиот посредник во името во истата секунда кога изговори дека не е достоинствен предлогот беше одма тргнат. Нашиот премиер отиде во Грција и кажа дека нашата црвена линија е една водилка која ќе не однесе до исправно решение. Јас тоа го замислив како една црна линија. Да отидете без црвени линии тоа не смеете да си го дозволите, вели Грчева.

Таа додава дека многу ќе изгуби ако се реши ова прашање и додава дека ова е едно сценарио и дека доаѓањето на оваа власт е проект кој е направен и е така конструиран да биде слаба и уцената за на крај да биде уценета државата. Според неа оваа власт мора да го заврши она што го ветила.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.