Петнаесетина членови на Друштвото на ликовни уметници Прилеп (ДЛУП), се претставија со групна изложба која беше отворена синоќа од 20 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Уметниците членови на Друштвото презентираат дел од сопственото творештво што го создале во изминатиот период. За првпат изложбата на ДЛУП е поддржана од Министерството за култура.