Груевски: Mарионетската влада сака да ја редефинира државата

Мега интервју во повеќе дела направи Република со лидерот на македонската опозиција и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во првиот дел од интервјуто прочитајте за спорот со името, членството во НАТО, односот на македонската влада, за тоа дали и идентитетот оди во пакетот за промена на името кој го турка власта, кој може ова да го спречи. За ова и многу повеќе прочитајте го првиот дел од интервјуто…

Што се случува во ВМРО-ДПМНЕ после изборите?

ГРУЕВСКИ: После изборите како што најавивме по локалните избори, посветени сме на правење на анализа.

Во анализата учествуваат повеќе структури на партијата. Покрај генералниот секретар и уште неколкумина од раководството, вклучени се и општинските комитети и кандидатите за градоначалници со свој допринос во оваа анализа. Во склоп на општинските комитети вклучени се и преставници на месните комитети на партијата.

Сондираме мислења и на надворешни личности и аналитичари, и секако и од дел од членовите на партијата кои не се активни по месните и општинските комитети, но се дел од нашето 170 илјадно членство. Имаме и доста неформални меѓусебни разговори во раководството околу изминатиот и идниот период на дејствување на партијата.

 

Која е целта на оваа активност?

ГРУЕВСКИ: Целта е јасна. Да се разглоби целиот период зад нас во детали, да се утврдат слабостите за во иднина да се корегираат. Секако да се утврдат и позитивните чекори, за да се користат понатаму. Ова од секој аспект, како организациски и кадровски, така и политички.

Секој има свој агол на гледање, и добро е внатре во рамките на партиските органи да се разгледаат и издискутираат. Сето тоа ќе заврши на разгледување и одобрување кај највисоките партиски органи.

Партијата имаше 10 последователни победи во еден 12 годишен период. Неодамна имавме и пораз, и потребна е сериозна анализа.

По поразот во првиот круг во интервју изјавивте дека дел од причините за поразот се должат на бројни нерегуларнсти, притисоци, закани, уцени, и многу поткуп. Подоцна, како резултат на ова не ги признавте изборите.

ГРУЕВСКИ: Да, јас кажав дека првичната анализа оди во правец дека дел од нашите гласачи не казнија заради тоа што имаа перцепција дека остапивме од некои традиционални политики, а дел не гласаа заради многу притисоци, закани, уцени и заплашувања.

Поткупот на овие избори беше присутен како никогаш претходно. Како да признаеме такви избори? Ако ги признаеме главната порака ќе биде продолжете вака и наредниот пат.

 

Прочитајте го целосното интервју на следниот ЛИНК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.