Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се очекува вечерва по 23 часот да се обрати од собраниската говорница.
Во Собранието на Република Македонија втор ден се расправа за избор на нова влада, а најдоцна до полноќ треба да се изгласа предложеното решение со најмалку 61 глас.
По паузата, пратениците расправата ќе ја продолжат во 21 часот.