Груевски: Партијата која до пред 6 месеци не го вадеше зборот режим од уста сега прави вистински режим

„Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам и до Обвинителството и до судството, а посебно до Владата која стави сѐ под контрола, да не прави вакви работи.Во моментот пет проценти од сите пратеници се во притвор домашен или ефективен или 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Груевски.

Ова, како што кажа, може да се случи во држава во која демократијата е длабоко закопана.

„Партијата која до пред 6 месеци зборуваше и не го вадеше зборот режим од уста сега прави вистински режим. Ова го немало ни во 1949 година.

Вакво незаконско постапување кон пратениците, нивно држење со лисици и по 16 часа и одредување притвор за ништо затоа што биле на работното место, затоа што некоја пратеничка се гушнала со сопругот кога влегол во Собранието, кога чул што се случува таму е ништо повеќе туку задушување на опозицијата и демократијата“, изјави Груевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.