Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, соопшти дека партијата не ги признава овие недемократски и полни со нерегуларности избори, како што кажа тој.
-Сакам да објавам дека заради изборно насилство и силување на демократијата, силување на државата. Заради констатирани, евидентирани и документирани изборни нерегуларности, заради бруталниот терор што се вршеше во овие пет недели, заради нечовечките закани, бруталните притисоци, масовниот поткуп. Заради кривичните дела кои ги направија во изборите и согласно одлуката на ИК, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори и нема никогаш да ги смета за фер и демократски избори