“Граѓански Парламент во петок? Еве им неколку идеи… ( и некои ветувања??!)”

Oпштина Прилеп за петок најави нов “граѓански парламент” на кој според соопштението треба да се дадат предлози и идеи пред донесувањето на буџетот за следната 2018 година кој треба да биде усвоен на наредната седница на Советот на Општина Прилеп.

Еве неколку идеи:

1.Намалување на цената на водата 20%

2.Да не се “убива” ФК ”Победа” и РК ”Прилеп”

3.Изградба на гасовод (а, не прекин на изградбата)

4.Струја, вода и нови куќи за жителите на “ТРИ БАГРЕМИ”

5.Одлука за несогласување со зголемување на акцизата за нафта за 3,5 денари

6.Реконструкција на Старата чаршија

7.Затворен базен во сала ”Македонија”

8.Субвенции за повисоки пензии (како што некои ветуваа)

9.Бесплатен градски превоз

10.Намалување на цената за наем на тезги во ЈП ”Пазари”

11.Изградба на куќарката на паркот “Могила”

Другите идеи сенадеваме можете да ги предлагате и вие што не сте дел од оваа институција, која патем никој не знае по кој критериум е одбрана?! Да се запрашаме дали дел од припадниците на оваа “институција” и дел од НВО секторот сега се дел од структурите на локалната самоуправа?!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.