“Граѓанскиот парламент и градоначалникот сеуште немаат дискутирано за двојазична KOMUNA PRILEPI?!”

Taка наречениот “граѓански парламент” на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски остана само една пи-ар стратегија, со оглед на тоа дека новите општински власти во Прилеп досега немаат реализирано некој поголем проект,

Иако веќе пет пати Јованоски се среќаваше со граѓани во салата на Советот на општината, тој и неговата администрација трпат огромни критики од граѓаните во само петтиот месец од нивниот мандат.

Граѓанскиот парламент на кој во најголем број присуствуваат приврзаници кон СДСМ и вработени во администрацијата, каков таков, според прилепчани за наредна тема на дневен ред би требало да ја има воведената двојазичност во градот, која произлегува од Законот за употребата на јазиците.

Јованоски е должен да излези пред граѓаните на еден поголем собир, а не во ограничен простор со стотина седишта и да им објасне, што ќе значи Законот за Прилеп, дали ја оправдува политиката на неговата партија за формирање на бинационална држава и употреба на албанскиот јазик во општината која ја претставува, каде патем речиси и да не живее албанско население?!

Прилепчани паметат дека Јованоски им ветуваше затворен базен, градинки, училиште, обиколници, асфалт на сите улици, модерен, урбан и среден град….. се’, само двојазичност не.

Ќе дискутира ли “граѓанскиот парламент” за двојазичноста и дали Јованоски ќе го слушне гласот на граѓаните, останува да видеме…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.