Градежна офанзива се случуваше деновиве во населбата “Чачорица” во Прилеп. Се асфалтираше на повеќе локации низ населбата, на задоволство на сите граѓани кои живеат тука.
Се асфалтираа три од краците на булеварот “Aлександар Македонски”, како и улиците “Јонче Крстечанец” во должина од 200 метри и “Ѓоре Велкоски-Стрелката” во должина од 300 метри.
Дел од овие улици беа раскопани поради поставување на нова канализациона мрежа за реализација на делот од проектот “Пречистителна станица”, кој поминува низ оваа населба.
Асфалтирањето на улиците во населбата “Чачорица” ќе продолжи и во наредниот период, согласно динамиката на реализација на проектот пречистителна станица во Прилеп.
Градоначалникот Марјан Ристески денеска ги посети граѓаните на оваа населба, кои му изразија крајна благодарност за напорите на локалната самоуправа и обезбедувањето на современи услови во овој дел од градот.
А.Г.