Градоначалникот се пофали за чистењето на Дабничка река, а фекалиите и нечистотијата ги газат деца (ФОТО)

Во текот на вчерашниот дена градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, ја посети населбата “Тризла 2”, каде механизација го чисти коритото на Дабничка река.

Оваа процедура е вообичаена за овој дел од градот и е нешто што редовно се изведуваше во изминатите години.

Јованоски сепак не пропушти тоа да го окарактеризира како исполнување на предизборните ветувања и рече дека токму чистењето на реката било едно од неговите ветувања пред граѓаните од оваа населба.

Од линковите во продолжение сепак може да се види дека чистењето на Дабнички канал беше пракса на претходната локална власт.

Продолжува чистењето на Дабнички канал

Започна чистењето на Дабнички канал

Откако локалните власти се пофалија за “грандиозното” исполнување на ветувањата, до нашата редакција пристигнаа фотографии од наш читател кој живее во оваа населба, на кои може да се види дека отпадот и фекалиите кои се чистеле од реката во голема мера завршиле и пред домовите на граѓаните.

Во пораката до Маркукуле се вели дека децата не можат да излезат на улица, а смрдеата им влегла дури во домовите.

“Европски начин на чистење, нема што”, се додава во пораката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.