Фолк пејачот Јоца Стефановиќ завршил во болница, оваа информација ја потврдил и неговиот близок соработник.
-Јоца имаше операција. Мораше да направи итна операција на белите дробови. Знам дека ситуацијата е многу сериозна. Итната помош го однесе утринава – открива изворот близок на Јоца, за порталот nemazabranjenih.rs.
-Многу ми е жал. Денеска го завршивме спотот и го повикав да дојде да го види и потоа го дознав ова. Утре ќе дознаам во каква состојба е и ќе се потрудам да го посетам – рекол неговиот пријател.