Во Софија денеска е убиен бугарскиот бизнисмен, 49 годишниот Петар Христов.
Христо е убиен во комплексот Манастирска ливада, а полицијата пријавата ја добила некаде после 10 часот, соопштија од бугарското Министерство за внатрешни работи.
Според неофицијални информации убиецот истрелал 8 куршуми од пиштол мал калибар, но само еден ја погодил жртвата. Полицијата го блокирала местото на убиството и врши увид, а по напаѓачот се трага.