Еден од најталентираните млади фудбалери на светот Килијан Мбапе кој за 180 милиони евра од Монако пристигна во Пари Сен Жермен веќе на првиот настап за својот нов клуб постигна гол и запиша една асистенција.
Французинот погоди во 59.минута синоќа на гостувањето кај Мец за во тој момент водство од 2:1. Мбапе во 75.минута ми асистираше на Нејмар и покажа дека ќе биде одлично засилување за „светците“ од Париз.
Покрај Мбапе, еден гол и една асистенција забележа и Нејмар и тој со фантастичен просек од гол и асистенција покажува зошто во моментов го има најскапиот трансфер во светот вреден 222 милиони евра.
ПСЖ го доби дуелот со 5:1 и со максимални пет победи е лидер на табелата во Лига 1 пред Монако кој има една победа помалку, но натпревар што му претстои од 5.коло.