Голманот од Велес Ведран Ќосевски постигна гол за босански Железничар кој ќе го обиколи целиот свет (ВИДЕО)

Велешанецот Ведран Ќосевски кој го брани голот на Железничар од Босна и Херцеговина денеска направи еден неверојатен потег, постигнувајќи погодок речиси од гол на гол.

Ударот на младиот македонски голман во 93-та минута донесе бод за екипата на Железничар која го задржа водството на врвот на табелата пред второпласираниот Зрињски.

Овој потег на 22-годишниот голман за кратко време се прошири по сите социјални мрежи и медиуми на Балканот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.