Актерот и стенд ап комичар Бојан Велевски на 16-ти септември (сабота), во 20 часот во Центарот за култура “Марко Цепенко” ќе одржи голем хуманитарен настап за семејството Соколоски од Прилеп, кои живеат во тешки и нечовечки услови.
- “Јас потекнувам од Прилеп, поточно од Долнени. Го сакам градот, ги сакам прилепчани, а силно ме погоди сторијата на ова семејство што ја прочитав пред две години. Јас веќе направив еден настан во Скопје за нив, но кога ги посетив им ветив дека ќе направам голем настан во Прилеп за да им помогнеме. Се надевам дека ќе се појават и стопанствениците прилепчани кои ќе дојдат да се насмеат и да донираат за своите сограѓани” – Вели, Бојан.
„TOUR DE STAND UP” е претстава во која Бојан ќе го изведе најдобриот свој материјал или најдоброто од над 300 настапи, сублимирано во само 75 минути! Воедно, тој ветува уникатно искуство, ветувајќи дека публиката ќе се смее на секои 20 секунди:
- “Идејата на овој перформанс од 75 минути е публиката да се смее на секои 20 секунди! Тоа им го ветувам на прилепчани на 16-ти!”
Картите за настапот се по симболична цена од 100 денари, а можат да се купат на касата на Ц.К. “Марко Цепенко” или да се резервираат на бројот – 076 442 378. Почетокот е закажан за 20ч.
Настанот е поддржан и помогнат од Ц.К. “Марко Цепенко”, институцијата се вклучува во организацијата и промоцијата на настанот со сиот свој капацитет. Мотото на настанот е “Насмеј се и помогни.”