Третиот регионален натпревар по хемија организиран од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија се одржа минатата сабота на 24 март. ООУ “Гоце Делчев” ја имаше честа да биде домаќин и организатор на регионалниот натпревар на кој учествуваа 95 натпреварувачи од Пелагонискиот регион, oдVIII и IX одд.
Под менторство на наставничката Кети Иваноска, воедно и координатор на натпреварот, наградени се учениците: Софија Гешоска и Мила Пејоска од VIIIодд. освоија трета награда, Делфина Милеска втора награда, Теодора Петреска, Николина Стојкоска, Мартин Видески и Теодор Вескоски освоија трета награда, а Eлена Мијоска освои прва награда, со 100% точност на одговорите, не само во нашиот регион, туку и воопшто, на целото натпреварување.
Државниот натпревар ќе се одржи на 6 мај на ПМФ, на институтот за хемија. На натпреварот ќе земат учество Eлена Мијоска, Делфина Милеска и Теодора Петреска.
Оваа сабота на 31 март се одржа и 42-от меѓуопштински натпревар на млади техничари и природници, во организација на Сојуз на здруженија на техничка култура на Република Македонија – Народна техника.
Александар Василески е награден со прво место во областа применета хемија, а Елеонора Тренкоска убедливо најдобра го освои првото место во областа екологија. И двајцата ученици се стекнаа со право да учество на 55-ти државен натпревар на младите техничари и природници на Македонија, кој ќе се одржи на 14 април во Велес.
“Среќна сум за постигнувањата и високите резултати на моите ученици. Вложувањето, секојдневна работа и труд вродува со плод. Хемичарите од ООУ “Гоце Делчев” неколку години наназад континуирано се прво пласирани и ги освојуваат не само општинските и регионалните, туку и државните натпревари. Тоа се ученици кои ги поместуваат критериумите и ги креваат стандардите во натпреварите по хемија”, истакна наставничката Кети Иваноска