Во периодот од 19.00 часот на 26.08.2017 година до 06.00 часот на 27.08.2017 година, по претходно организирана и спроведена акција, Отсекот за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Велес приведе седум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 216 од Кривичниот Законик на Република Mакедонија.
Во близина на езерото Младост од слобода било лишен Д.Д. (31) од Велес, кој бил фатен во момент кога вршел продажба на наркотична дрога. Од него биле одземени осум банкноти по 2000 денари, една банкнота од 500 денари, една од 1000 денари, четири банкноти од 50 евра, две од 20 евра, две од 10 евра, една банкнота од 5 евра, две картица од две банки, една дигитална вага, пет пакувања тревкаста материја, еден џоинт и три пакувања ризла. Дополнително, од ова лице биле одземени и четири пакувања тревкаста материја, која била спакувани во проѕирни најлонски кеси, со маса од околу 300 грама.
Приведени се и Д.Г. (20) и И.Ѓ. (39), двајцата од Гостивар, Г.Ѓ.(28) и А.С. (28), двајцата од Скопје. Овие лица се приведени во градскиот парк во Велес за време на одржување на техно забава. Кај нив биле пронајдени и одземени поголема количина таблети со бела боја, зелена тревкаста материја со маса од околу 10 грама, 5 банкноти по 1000 ден и 4 банкноти по 500 денари.
На истата забава биле лишени од слобода и Д.С. (25) од Неготино и А.М. (17) од Свети Николе. Кај Д.С. била пронајдена зелена тревкаста материја завиткана во хартија со маса од околу два грама, а кај лицето А.М. биле пронајдени четири цигари (џоинти) со тревкаста материја, едно пакување со тревкаста материја, непознати таблети со триаголна форма и жолта боја со натпис Тесла, печат ставен во фолија и едно пакување ризли ОЦЕ.
По целосно документирање на случајот, против сите лица ќе бидат поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.