Говорот кој премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, го одржа на 15 март, денот кога се прославува годишнината од унгарската анти Хабсбуршка револуција е еден од највпечатливите на светските политичари во последно време.
“Ова е наша татковина, наш живот и се додека немаме друга, ќе се бориме за неа до самиот крај и никогаш нема да се предадеме”, рече Орбан тогаш пред илјадници присутни, а говорот сеуште се споделува по социјалните мрежи.
“Европа е под инвазија. Ако го дозволиме тоам тогаш во наредните една до две децении десетици милиони луѓе од Африка и Блискиот Исток ќе се преселат во Европа. Брисел нема да ја брани Европа. Тие не се заинтересирани да го спречат тоа, туку напротив ја поддржуваат организираната миграција”, додал Орбан.