Рекордер е 21, годишниот М.Д. викан Оревче од Скопје. На слобода издржал неполни 4 часа. Во понеделникот, на 12- ти, тој го напуштил затворот Идризово околу 20 часот, веќе во 23.20 извршил разбојничка кражба, па повторно го прибрала полицијата.
Амнестираните криминалци, со чие ослободување требаше да се расчисти пренатрупаноста во затворите им отворија само дополнителна работа на полицајците, пренесува Алфа ТВ.
Од Идризово, на улица, па во Шутка. Рекордер е 21- годишниот М.Д. викан Оревче од Скопје. На слобода издржал неполни 4 часа. Во понеделникот, на 12 ти, тој го напуштил затворот Идризово околу 20 часот, веќе во 23.20 извршил разбојничка кражба, па повторно го прибрала полицијата, пишува во билтенот на МВР.
Оревче, околу 23 часот, провалил во куќа на улицата „Македонска преродба“ во Скопје, сопственикот на куќата го фатил како претура во дневната соба, па изел и ќотек од разбојникот. Откако Оревче ги украл парите избегал, но полицијата набрзо го уапсила. Во полициската станица во Ѓорче, кај него пронашле 5.500 денари.
Во рацете на полицијата паднал и 37 годишниот А.Т., во Идризово долги години лежел затвор за повеќе кривични дела, во неговото затворско досие се заведени, кражби, тешки кражби, разбојништво, кражба на возило како и дрога. Откако излегол од Идризово, повторно полицијата му ставила лисици на рацете, на 6 февруари, во 16.30 часот бил уапсен во скопската населба Ново Лисиче, извршил дрска кражба, а се обидел да изврши и разбојништво. Во полициската станица во Аеродром, полицијата кај него пронашла украден мобилен телефон.
Зад решетки повторно завршила и жена, амнестирана за дрога, според нашите неофицијални информации, по излегувањето од затворот, повторно му се вратила на стариот бизнис, па завршила во притвор.
Во затворот Идризово, со амнестијата се ослободени околу 700 лица, но загрижува фактот што 90 отсто од осудениците се повратници. Владата на СДСМ и ДУИ, која го донесе законот за ослободување на осуденици за тешки кривични дела, остана покуса со информација за јавноста дали имале предвид дека со законот безбедноста на граѓаните ја ставаат на коцка.
Извор: Курир