15 ученици од IV-8 клас од Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп заедно со својот ментор – професорката по информатика Анкица Стеваноска Јанческа и педагогот на училиштето Светлана Барлакоска, од 08 до 12 ноември беа во посета на Загреб и партнер училиштето „II Gimnazija“ како награда за проектот „Digital friendship“ на eTwinning мрежата според Move2Learn, Learn2Move иницијативата во организација на Европската комисија и финансирана од ERASMUS+ програмата.
При посетата на партнер училиштето учениците присуствуваат на часови по хемија, физика, филозофија и хрватски јазик со цел да се запознаат со дел од наставата според хрватскиот образовен систем.
Потоа се реализираат две презентации за државата, градот и училиштето од страна на учениците од „II Gimnazija“ – Загреб и учениците од прилепската гимназија.
Исто така учениците од „II Gimnazija“ заедно со нашите ученици ги разгледуваа културните и историските знаменитости на Загреб.
За учениците Макеска Александра, Николоски Антонио, Петреска Бистра, Јанеска Цвете, Дамјаноски Давид, Грижоска Евгенија, Костоска Фросина, Стеваноска Исидора, Хаџи Спироска Искра, Блажеска Косара, Лазов Леонардо, Андрееска Марија, Јовеска Теодора, Николоски Виктор и Ајша Исаки оваа посета претставуваше добра можност да ги запознаат своите врсници од Загреб, да стекнат нови познанства, да се запознаат со европското образование, да покажат дел од своето знаење и вештини и да соберат незаборавни спомени.