Германска држава нареди сите државни институции да постават ХРИСТИЈАНСКИ КРСТОВИ

Германската држава им наредни на сите државни институции да постават Христијански Крст на влезовите.

Се работи за конзервативната сојузна држава Баварија, од каде истакнуваат дека на крстовите не треба да се гледа само како на религиозни симболи, туку и како рефлексија на културниот идентитет на оваа држава.

Крстови веќе се поставени во јавните училишта и судниците.

Декретот нема да се применува на федералните владини институции во Баварија, известува германската новинска агенција “Dpa”.

Баварија е една од најбогатите сојузни држави во Германија и успева подобро од сите останати држави да се справи со приливот на мигранти.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.