Синот на поранешниот лидер Саиф ел Ислам Гадафи се враќа во политиката, изјавил за “Спутник” адвокатот на фамилијата Гадафи, Халид ел Заиди.
Според неговите зборови, враќањето на Саиф ел Ислам е неопходно поради ситуацијата во Либија, недостатокот на дијалог и разбирање на реалната состојба во земјата.
“Потребно е да се постигне политички консензус. Често се појавуваат информации дека Саиф ел Ислам ја напуштил Либија, но тоа не е точно. Тој е во постојан контакт со либиските лидери, бидејќи сака да се постигне мир во државата”.
Гадафи го поддржува народот, а не вооружените групи, истакнува адвокатот.
Ф.Г.