ГРУЕВСКИ:Ќе им каже сега македонскиот народ на 15 Октомври чие е Илинденското востание и што е 11 Октомври

Секојдневните обиди и убедувања дека со штетни договори за Македонија ќе изградат пријателство, е исто така потценување на интелигенцијата на народот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во општина Центар.

-Отидоа со Бугарите прифатија се за една минута, без никакви преговори. Прифатија дека Илинденското востание не било македонско, било бугарско, Гоце, Даме, Питу, Карев и така натаму биле Бугари. 11 октомври- првата пушка против фашизмот не било востание, било идеолошка борба помеѓу двете спротивставени страни на Бугарите во Македонија. Ќе им каже сега македонскиот народ на 15 октомври чие е Илинденското востание и што е 11 октомври. На 15 октомври ќе добијат одговор и за 11 октомври и за Илинденското востание и за тоа дали ние сме биле виновни што не се решил спорот со Грција и со Бугарија договорот и дали ние сме биле виновни што не сме прифатиле промена на името на државата, името на нацијата, на јазикот. Гласајќи за градоначалници и советници, граѓаните ќе дадат свое мислење и за тоа.

извор: инфомах




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.