ГРОМ: Зошто молчат борците од НОБ за договорот со Бугарија?

-На неполни три недели пред 2 август ( Илинден) и најавеното заедничко славење на темелите на македонската држаност, како и  во  „очи“ на потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, граѓаните на Република Македонија немаат никакви информации од страна на Владата за тоа што содржи истиот.“- ова денеска пред седиштето на Борците од Народно ослободителната борба пред медиумите го изјави  потпретседателот на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов.

 

grom-1

Понатаму  Пренџов истакна дека сите информации кои македонската јавност  ги добива се официјалните изјави на поранешниот министер за дијаспора во Бугарија Божидар Димитров, и поранешниот претседател на Република Бугарија Петар Стојанов, додека кај нас нема никаква општествена дебата по однос на ова битно национално прашање.

-ГРОМ постојано предупредува, дека за ваков договор од национално значење е нужно да бидат запознаени граѓаните на Република Македонија, научната јавност, како и пратениците од власта и од опозцијата, впрочем, како што се запознати бугарската јавност и бугарските пратеници. ГРОМ  го повикува Сојузот на борците од НОБ 1941-1945 година, да се произнесе околу предвидениот договор за добрососедство со Бугарија. Борците од НОБ се камен – темелник врз кои е основана македонската држава. Тие како живи сведоци на најсветлата историја се должни да се вклучат во општествената дебата за тоа дали Бугарите беа окупатори и фашисти или „ ослободители“ на македонскиот народ? , потенцираше потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов.

Во овој контекст, продолжи Пренџов сакаме да потсетиме на острите реакции од страна на борците на НОБ  при обидот за заедничко славење на Илинден и потпишување на заедничка декларација од страна на владите на Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

– Ова не се настани кои се случени пред неколку векови, туку ова се настани случени пред неколку децении. Директните искуства и сведоштва на борците од НОБ можат многу да помогнат во разјаснувањето на историските факти и вистини, категоричен беше Пренџов.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.