Прилепчани си го бараат назад приматот најчист град во државата.
Хигиената во градот под Марковите Кули која со години беше главна одлика, премина во нехигиена.
Полни контејнери и расфрлан отпад е сликата низ многу прилепски маала изминатиов период.
Прилепчани реагираат на ваквата слика и секојдневно ни испраќаат нови и нови фотографии од различни делови во градот.
“Ова не е живот, ова е неспособност да се одржува градот и да се води грижа за основните комунални активности”, е коментарот на наш читател кој ни ги испрати фотографиите.