Човек од Тајланд, кој умрел пред 7 месеци, се вратил дома како ништо да не се случило.
Од фамилијата верувале дека Сакорн Сачива (44) починал од болест која му ги зафатила органите за варење, а тие дури го идентификувале и телото. Покасно и го кремирале.
Меѓутоа, не можеле да им веруваат на очите кога Сакорн се појавил пред вратата на нивната куќа.
Како што се наведува, пред 7 месеци, полицијата ги известила роднините дека Сакорн е починат во изнајмен стан каде живеел сам и дека е потребно да го идентификуваат.
Телото било отечено и непрепознатливо, но полицијата сепак му дозволила да го земат и да го кремираат.
Кога Сакрон се вратил дома, роднините мислеле дека гледаат дух.
Имено, тој работел на некој рибарски брод но дознал дека роднините сметаат дека е мртов, па решил да ги изненади и да се врати.